домаМакедонијаСоветот на Општина Битола в четврток ќе расправа за енергетскиот план, буџет...

Советот на Општина Битола в четврток ќе расправа за енергетскиот план, буџет и поддршка за лицата со попреченост

- Advertisement -spot_img

Советот на Општина Битола во четврток ќе ја одржи шестата седница, на која пред советниците ќе се најдат повеќе значајни точки од локален развоен и социјален карактер.


Меѓу клучните теми е Општинскиот енергетски план за 2026 година, документ што треба да ги дефинира приоритетите за енергетска ефикасност, управување со потрошувачката и идните инвестиции во енергетската инфраструктура на општината.


Советниците ќе разгледуваат и правилник за искористување средства од Програмата за социјална заштита, кој се однесува на адаптација на пристапноста, мобилноста и функционалноста на лицата со попреченост во нивните домови. Со оваа мерка се очекува подобрување на условите за самостојно живеење и поголема инклузија.


На дневен ред е и Одлука за проширување на Буџетот на Општина Битола за 2026 година, како и формирање Совет за женско претприемништво, со цел поттикнување на економската активност и поддршка на жените во бизнис секторот.


Советот ќе се произнесе и за:


Примање донација за изработка на основен урбанистички проект за регулација на реката Драгор,


Примање донација за скулптура „Сончев часовник“ – спомен обележје.


Дополнително, ќе се разгледува давање согласност на ценовникот на КЈП „Нискоградба“ за изведување градежни работи на канализациони објекти, во рамки на договорите склучени по вториот јавен повик од Владата и надлежните министерства, согласно Законот за јавни набавки.


Се очекува седницата да донесе одлуки кои директно ќе влијаат врз инфраструктурниот развој, социјалната политика и економската активност во општината.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img