Во пресрет на карневалската манифестација, комуналните служби во Прилеп ноќеска спроведоа темелна акција за миење и чистење на главните сообраќајници во градот.

Како дел од подготовките за пречек на гостите и учесниците, исчистени беа булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Прилепски бранители“, со цел градот да биде уреден и подготвен за прославата.
Од надлежните служби информираат дека комуналците биле целосно ангажирани на терен, со механизација и екипи кои работеле во текот на ноќта за да обезбедат чисти и безбедни улици.
Со оваа акција Прилеп влегува во карневалските денови подготвен да ги пречека бројните посетители во уредена и чиста атмосфера, потврдувајќи ја традицијата на домаќинско организирање на манифестацијата.








