домаМакедонијаКоњановски: Битола подава рака - испратена помош за кризните подрачја во Кичево

Коњановски: Битола подава рака – испратена помош за кризните подрачја во Кичево

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека по остварените контакти со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, и во координација со командирите на противпожарните единици од Битола и Кичево, обезбедена е помош за поплавените региони во Општина Кичево.

Од Територијалната противпожарна единица на Битола се испратени четворица пожарникари со едно возило, опремени со три потопни пумпи, една моторна пумпа за испумпување вода, црева, агрегат за струја и дополнителна неопходна опрема.

Коњановски истакна дека Општина Битола стои на располагање за дополнителна поддршка доколку е потребна, изразувајќи надеж дека состојбата во поплавените подрачја во Кичево ќе биде што поскоро нормализирана

Тој нагласи дека солидарноста и меѓуопштинската соработка се клучни во вакви ситуации, со цел побрзо надминување на последиците од елементарните непогоди.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img