домаМакедонијаЗаменик-координаторот на Пратеничката група на ВЛЕН, Аднан Азизи, оствари средба со...

Заменик-координаторот на Пратеничката група на ВЛЕН, Аднан Азизи, оствари средба со заменик-амбасадорот на Франција, Филип Маршето

- Advertisement -spot_img

Во Собранието на Република Северна Македонија, заменик-координаторот нa Пратеничката група на ВЛЕН, Аднан Азизи, го прими на средба заменик-амбасадорот на Франција, Филип Маршето.

За време на средбата се разговараше за прашања од значење за демократските и интеграциските процеси во земјата, со посебен акцент на Изборниот законик, Реформската агенда и актуелната политичка состојба во земјата.

Посебно внимание беше посветено на реформите во правосудството, борбата против корупцијата и унапредувањето на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

Исто така, се разговараше за важноста на поддршката од Европската Унија во надминувањето на предизвиците со кои се соочува земјата, како и за продолжувањето на соработката со европските партнери во спроведувањето на реформите и исполнувањето на приоритетите на патот кон членство во ЕУ.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img