Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030, која Собранието ја донесе во септември, денеска беше официјално промовирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), кој ги претстави клучните чекори, мерки и цели за унапредување на безбедноста на сообраќајот и зачувување на човечките животи, главните приоритети и зацтаните цели што ги содржи документот.
„Секој живот е важен“ е мото на Стратегијата чија цел е во наредните четири години, односно во 2030 година, да бидат за половина намалени бројките на сообраќајни несреќи и на жртви во однос на 2024, која за стратегијата се зема како референтна година со најголем број сообраќајни несреќи и жртви во измиантите пет години.
Според анализата соджана во Стратегијата, тенденција на пораст имал бројот на сообраќајки од 2020 до 2024, кога годишниот просек бил околу 7900, со тоа што во 2020 година имало 7215, а во 2024 нивниот број се зголемил на 8457. Со смртни последици во 2020 и 2021 имало 115 и 106 несреќи, по што следувало благо зголемување на 117 во 2022, 118 во 2023 и 124 во 2024 година. До 2030 се очекува постепено намалување на бројот за 50 отсто во однос на 2024.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека во фокусот е човечкиот живот и целта е до 2030 година да се преполови бројот на човечки жртви споредено со 2024, а заклучно со 2050 година, рече, согласно со светската и европската стратегија, да имаме нула жртви во сообраќајот. Очекува резултати од стратегијата зашто таа е, рече, одличен документ креиран од многу професионаллци и со вклученост на повеќе институции.
-Знаеме дека тоа е многу тешка мисија и многу тешка задача, но Македонија покажа, особено во оваа година, со имплементирање на сите активности, дека може да биде една од најдобрите држави во насока на подобрување на условите во сообраќајот и намалување на човечки жртви. Така што, навистина длабоко сум уверен дека е реална и остварлива првичната цел – до 2030 година половина од жртвите коишто ги имавме во 2024 година – рече Тошковски.
Посочи дека на патиштата има многу критични точки и оти МВР заедно со РСБСП работи интензивно на нивно точно утврдување и санирање, а особено се фокусирани на црните точки каде што има загуби на човечки животи. Но додаде и дека драстично се намалува бројот на сообраќајни незгоди со поставувањето камери со системот „Безбеден град“ од февруари годинава.
Во изминатите 35 години во Македонија, рече, има катастрофален годишен просек на човечки жртви, кој е помеѓу 145 и 150, а години со најмал број жртви во сообраќаајот биле 2001 и 2021.






