домаМакедонијаДејан Проданоски присуствуваше на литургија по повод празникот на Светите Три Светители...

Дејан Проданоски присуствуваше на литургија по повод празникот на Светите Три Светители во Прилеп познт како празник на бакалите

- Advertisement -spot_img

Во храмот Св. Благовештение во Прилеп беше отслужена Божествена литургија по повод празникот на Светите Три Светители – Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов, во народот познат и како Ден на бакалите. На литургијата присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.


Со богослужбата чиноначалствуваше Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, во сослужение со Климент, Епископ Хераклејски, и Никола, Епископ Велички.
По повод празникот, Проданоски истакна дека прилепската чаршија и дуќаните не се само места за трговија, туку срцето на градот – простор каде што се среќаваат луѓето, се разменуваат мисли и се чува духот на заедништвото. Тој потенцираше дека прилепскиот еснаф со генерации ја гради препознатливоста и топлината на градот, а традицијата што се негува од 1954 година е потсетник за значењето на трудот, чесноста и меѓусебната почит.


Градоначалникот нагласи дека Општина Прилеп ќе продолжи да биде поддршка на дуќанџиите и трговците, со цел зачувување на нивниот труд, поттикнување на локалната економија и јакнење на врската меѓу традицијата и иднината на градот.


„Нека е за многу години!“, порача Проданоски по повод празникот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img