HomeМакедонијаДавидовиќ: Правната квалификација во случајот "Пулс" е правно неодржлива за најголемиот дел...

Давидовиќ: Правната квалификација во случајот “Пулс” е правно неодржлива за најголемиот дел од 34-цата обвинети – очекувам масовни ослободителни пресуди

- Advertisement -spot_img

Во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, адвокатот Звонко Давидовиќ изнесе сериозни правни забелешки во врска со судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи дека правната квалификација за најголемиот дел од 34-цата обвинети е правно неодржлива.
Како бранител на двајца од обвинетите,

Давидовиќ посочи дека е апсурдно градоначалници и директори на институции да одговараат за член 288 од Кривичниот законик, односно за предизвикување општа опасност со пожар, бидејќи, според неговите ставови, за вакво дело може да биде одговорен само оној што директно го предизвикал пожарот. Тој оцени дека функционерите евентуално би можеле да се гонат за несовесно работење во службата, но тврди дека обвинителството свесно ја избрало потешката правна квалификација со цел да се избегне застарување на делата.


Во одбраната на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, Давидовиќ појасни дека институцијата е надлежна за национални политики и цивилна одбрана, а не за контрола на поединечни објекти. Тој нагласи дека во Кочани, според државната систематизација, не бил предвиден ниту еден инспектор.


Во однос на неговиот друг клиент, Ивица Грозданов, Давидовиќ истакна дека тој не вршел формално обезбедување без лиценца, туку пријателски им помагал на сопствениците на објектот. Според него, законот налага план за евакуација само ако се ангажирани повеќе од пет лица, додека во конкретниот случај биле ангажирани само тројца.


Во емисијата, Давидовиќ ја критикуваше и селективноста на правдата, прашувајќи зошто локалните обвинители во Кочани не сносат одговорност, кога, според неговите зборови, и самите знаеле за нелегалната работа на објектот.


„Ајде да споредиме, да погледнеме друга ситуација, имате нешто ужасно што се случи во Кочани, и вие ја лоцирате ситуацијата и обвинувате 30-40 луѓе. Ако одите по тоа размислување и на таков начин, тој што бил надлежен да врши контрола одговара за злоупотреба на службена положба. Тој што не му овозможил средства да работи, и тој одговара за злоупотреба на службена положба и несовесно работење. Тој што го предвидел и кој треба да обезбеди на другиот простор за работа, и тој одговара за злоупотреба на службена положба. Не треба да измислуваме млака вода, проблемот е што нашиот правен систем не функционира. Проблемот е што нашата држава е партизирана, институциите на системот се заробени, што се применуваат двојни аршини и селективна правда. Ако ги погледнете работите, многу лесно ќе констатирате кој ги пропуштил должните дејствија или ги презел онака како што не смеел да ги преземе“, изјави Давидовиќ.


Тој ја опиша атмосферата во судницата како наелектризирана и исполнета со навреди кон одбраната, додавајќи дека поради вака поставеното обвинение очекува масовни ослободителни пресуди за речиси 30 лица од вкупно обвинетите 34.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img