Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, најави изградба на шест нови паркинг-простори на повеќе локации во градот, со цел да се намали недостигот од паркинг-места и да се подобри сообраќајната функционалност.
Според објавата, нови паркинзи ќе се градат:
кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во близина на комплексот болници, на улицата „Браќа Цаферови“, позади зградата позната како, „Кифлата“, на просторот кај местото викано, „Хеликоптерот“
Коњановски истакна дека проблемот со недостиг на паркинг е еден од најчестите предизвици со кои се соочуваат граѓаните, особено во централното градско подрачје и околу здравствените установи.
Со реализацијата на овој проект, локалната самоуправа има за цел да создаде дополнителни паркинг-капацитети и да придонесе за подобра организација на сообраќајот, намалување на метежот и поголема безбедност за пешаците.
Повеќе детали околу динамиката на изградба и бројот на паркинг-места по локации се очекуваат во наредниот период.









