домаМакедонијаБожиновска алармира: Со сегашното темпо на инклузивност, родова еднаквост во енергетиката би...

Божиновска алармира: Со сегашното темпо на инклузивност, родова еднаквост во енергетиката би се постигнала дури за 57 години

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека во Северна Македонија жените се недоволно застапени во енергетскиот сектор, што ја спречува целосната енергетска и технолошка трансформација. Таа говореше на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), чија цел е охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на кариера во области поврзани со нето-нула технологии, паметни енергетски системи и зелена транзиција.


Божиновска посочи дека индексот за родова еднаквост во 2022 година бил 64,5 поени од можни 100, што е зголемување од само 2,5 поени од 2019 година, и дека со вакво темпо би биле потребни приближно 57 години за земјата да постигне целосна родова рамноправност во сите области. Според неа, ова податок ја илустрира итноста да се делува веднаш, бидејќи енергетската транзиција не може да чека со децении.


Министерката истакна дека жените во енергетиката не само што имаат знаење и амбиција, туку претставуваат неискористен потенцијал кој државата и општеството не треба да го игнорираат. Таа нагласи дека присуството на повеќе жени во лидерски и технички улоги може да донесе поголема иновација, креативност и отпорност на компаниите, што е поддржано и со податоци од Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) и Светскиот економски форум.


Божиновска додаде дека Министерството за енергетика е цврсто посветено на поддршка на жените преку практични обуки, партнерства со компании, менторски мрежи и програми кои ги поврзуваат образованието со реалниот сектор, за да се овозможи поголем број жени да се вклучат и напредуваат во STEM професиите и енергетскиот сектор.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img