За нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп е назначен Љубиша Јованоски, дипломиран економист. Назначувањето е направено со цел да се внесат позитивни промени во работењето на јавното претпријатие, да се зголеми ефикасноста и да се унапредат услугите кон граѓаните.
Од новото раководство се очекува одговорно, транспарентно и посветено управување, насочено кон подобрување на квалитетот на комуналните услуги и поголема грижа за потребите на жителите на Прилеп.
Назначувањето на Јованоски доаѓа во период кога ЈКП „Комуналец“ се соочува со предизвици поврзани со модернизација на процесите и зголемување на довербата кај јавноста, а очекувањата се новото раководство да придонесе за стабилно и одржливо работење во интерес на сите прилепчани









