домаМакедонијаВо Општина Битола одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во Општина Битола одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

- Advertisement -spot_img

Во Битола денеска свечено беа одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, еден од најзначајните визионери и идеолози на македонската национално-ослободителна борба.


По тој повод, делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски, советници, претставници на Сојузот на борци, политичките партии и бројни граѓани, положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев.


Во своето обраќање, градоначалникот Коњановски истакна дека делото на Делчев заслужува вечна почит, но и претставува обврска за сегашните и идните генерации.
„Делото на Гоце Делчев е дело кое заслужува вечна почит, но истовремено нè обврзува и нè насочува кон тоа какви треба да бидат нашите чекори денес – чекори со кои ќе ги негуваме и заштитуваме македонскиот јазик, култура, писмо и традиција, работејќи посветено за иднината на Македонија“, порача Коњановски.


Со денешното одбележување, Општина Битола уште еднаш ја потврди својата заложба за негување на историското паметење и почитување на личностите кои оставиле траен белег во македонската историја.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img