3.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДимитриеска Кочоска: Криминалот нема да биде исплатлив – формиран Национален совет за...

Димитриеска Кочоска: Криминалот нема да биде исплатлив – формиран Национален совет за финансиски истраги и конфискација

- Advertisement -spot_img

Со одржувањето на конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, државата прави значаен чекор кон поефикасна борба против финансискиот криминал и нелегално стекнатиот имот, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.


Според неа, формирањето на Советот има силна симболична, но уште поважна практична тежина, бидејќи претставува премин од декларативни заложби кон засилен, структуриран и резултатски ориентиран систем на одговорност и институционална координација.


„Интензивната работа на Министерството за финансии добива јасна и видлива форма преку зајакнување на финансиските истраги и конфискацијата на нелегално стекнат имот“, истакна министерката во својата објава.


Димитриеска Кочоска потенцира дека финансискиот криминал директно ја загрозува фискалната стабилност на државата, го нарушува интегритетот на финансискиот систем и ја поткопува довербата на граѓаните во институциите. Токму затоа, како што нагласи, државата активно работи на јакнење на правната рамка, институционалните капацитети и меѓуинституционалната соработка, во согласност со европските стандарди.
„Нашата порака е јасна – криминалот не смее и нема да биде исплатлив. Со системски пристап, силни институции и јасна одговорност, ќе создадеме услови нелегално стекнатиот имот да биде навремено идентификуван, одземен и вратен во функција на општеството“, порача министерката за финансии.


Формирањето на Националниот совет се оценува како клучен чекор во насока на поефикасна борба против корупцијата и финансискиот криминал, со цел зајакнување на владеењето на правото и заштита на јавниот интерес.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img