5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаОпштина Прилеп: Комуналните служби ја чистат Градската река, собрани 98 вреќи отпад...

Општина Прилеп: Комуналните служби ја чистат Градската река, собрани 98 вреќи отпад за три дена

- Advertisement -spot_img

Комуналните работници интензивно работат на темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот, од отпадоци донесени со последните врнежи, но и од отпад што, како што информираат надлежните, е несовесно исфрлан од граѓани и деловни субјекти во зелените површини и самото корито на реката.


Од општината апелираат до граѓаните и сопствениците на бизниси кои гравитираат околу Градската река, отпадот да се собира и да се предава на комуналните работници, наместо да се фрла во реката и јавните зелени површини.


Во текот на само три дена, комуналните служби собрале вкупно 98 црни вреќи со отпад, што, според надлежните, укажува на потребата од подигнување на јавната свест и културата на живеење.
„Секој отпад има свое место. Во општината на речиси секој чекор е поставена соодветна комунална инфраструктура за одлагање отпад, потребни се само одговорност и грижа за заедничкиот простор“, порачуваат од надлежните служби.


Од општината упатуваат апел за поголема грижа и љубов кон градот, со цел зачувување на животната средина и уредување на јавните простори.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img