домаМакедонијаЗемјоделците од валандовскиот крај со нова можност за наводнување

Земјоделците од валандовскиот крај со нова можност за наводнување

- Advertisement -spot_img

Денеска свечено беше пуштена во употреба третата фаза од системот за наводнување „Страиште“ во Пирава, општина Валандово.

Со реализацијата на оваа фаза се очекува дополнително да се подобрат условите за наводнување на земјоделските површини во регионот, што ќе придонесе за поефикасно земјоделско производство.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот, нагласи дека со овој проект ќе им се овозможи на земјоделците кои ги обработуваат своите ниви да имаат повеќе пристап до вода.

– Ќе има можност за повеќе реколта, повеќе земјоделско производство и повеќе приходи за самите земјоделци и на тој начин се надеваме дека голем број од жителите во овој крај ќе се вратат повторно на нивите, ќе го заживееме земјоделството и ќе имаме поголемо производство на земјоделски производи што претставува една од основните цели на работењето на оваа Влада – нагласи премиерот.

Целосниот хидросистем „Страиште“ е дизајниран да опфати и да обезбеди ефикасно наводнување на околу 1.500 хектари плодно земјоделско земјиште во Валандовскиот Регион.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Германската банка за развој (КФВ) и е дел од широк капитален зафат кој опфаќа четири хидросистеми („Страиште“, „Лисиче“, „Конско“ и „Пепелиште“), со вкупна површина од околу 13.000 до 13.650 хектари земјоделско земјиште.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img