Собранието денеска ги избра членовите на новиот состав на Државната изборна комисија. На чело на оваа комисија ќе биде Бојан Маричиќ, поранешен министер за европски прашања.
За потпретседател е избран Абуш Демири, додека за членови Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.
83 пратнеици гласаа за овој предлог.
Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед. Претседателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека кандидатката Џинан Ахмед се откажала од кандидатурата.









