Попладне и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми, најпрво во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На планините ќе има и слаб снег, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Во Скопје облачно и магловито, попладне повремен дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.









