-0.2 C
Skopje
23 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСпасеновски: Новите промени во Бугарија може да донесат порестриктивен однос кон Македонија

Спасеновски: Новите промени во Бугарија може да донесат порестриктивен однос кон Македонија

- Advertisement -spot_img

Во вечерашната емисија Вин-Вин дебатираа универзитетските професори Александар Спасов и Александар Спасеновски.

Професорот Спасеновски истака дека лидерството на САД почиваше на односот кон државите од западна Европа по завршувањето на Втората светска војна и улогата на САД во создавање на оној мини поредок во рамките на глобалниот систем кој беше воспоставен со формирањето на ОН.

„Овој нов развој на настаните претставува радикален дисконтинуитет меѓутоа останува отворено прашањето дали ќе стане збор за едно ново правило на кое сите ќе треба да се прилагодиме или пак може краткотрајна состојба која ќе заврши со завршувањето на нечиј мандат. Актуелниот претседател на САД секако дека претставува невообичаен лидер којшто не води многу сметка за институционалната и историската меморија во односите меѓу другите држави и за одговорноста која ја има САД за меѓународниот поредок којшто се создава“, истакна Спасеновски.

Сепак Спасеновски смета дека нема да претсои пероид за внатрешна интроспекција за забрзано решавање на домашните задачи, туку за минимизирање на процесот на решавање на интеграциите на државата во ЕУ заради повеќе причини.

„Кога ви зборувам дека ни претстои период на намалена динамика, првенствено мислам на новата политичка реалност која се создава во Бугарија по оставката на претседателот Радев и во неговото вклучување во претстојната изборна кампања која гарантира негово поголемо политичко влијание. Имајќи ги во предвид неговите лични позиции околу македонското прашање, ставовите на државата во однос на барањата на Република Бугарија сметам дека ќе настапи период на многу порестриктивно толкување и пристап на официјална Софија кон начинот на кој официјално Скопје, односно Република Македонија настојува да ги толкува, интерпретира или исполни и притоа да се заштити кога станува збор за барањата од Софија“, објасни Спасеновски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img