домаМакедонијаСерафимовски: Органското производство да создава поголема додадена вредност и приходи

Серафимовски: Органското производство да создава поголема додадена вредност и приходи

- Advertisement -spot_img

Органското производство треба да се развива како современа економска дејност што создава повисока додадена вредност и поголеми приходи за производителите, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

Тој денеска во Куманово ги отвори деветтиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак 2026“.

Серафимовски истакна дека органското земјоделство бара знаење, следливост и одговорност кон животната средина и здравјето на луѓето. Според него, органските производители треба да имаат систем што ќе го препознае дополнителниот труд и ќе ги заштити од погрешно декларирани производи и нелојална конкуренција.

Министерот посочи дека политиките на Министерството се насочени кон засилена контрола, сигурна сертификација, потврден квалитет и поголема видливост на домашните органски производи.

Тој нагласи дека современата механизација, дигиталните решенија, прецизното наводнување и опремата за преработка им овозможуваат на производителите порационално да ги користат ресурсите, да ги намалат загубите и да создаваат производи со повисок квалитет.

Организатори на „Органска трпеза 2026“ и „АгроМак 2026“ се здружението „Живот“, Комората на органски производители на Македонија и Општина Куманово. На манифестациите учествуваат производители, изложувачи и гости од земјата и од странство.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img