домаМакедонијаТече рокот за пријавување за гласање на немоќни и болни лица

Тече рокот за пријавување за гласање на немоќни и болни лица

- Advertisement -spot_img

Во пресрет на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, Државната изборна комисија потсетува дека болните и немоќните лица кои не се во можност да гласаат на своето избирачко место, треба навремено да поднесат известување до Општинската изборна комисија Брвеница.

📌 При пријавувањето е потребно да се достави:

– Известување до ОИК

– Соодветен медицински доказ за болеста во оригинал или копија, или важечко решение за користење туѓа нега.

📩 Известувањето може да се достави лично, преку полномошник или по електронски пат.

⚠️ Лекарско уверение од матичен лекар без соодветна медицинска документација од лекар специјалист не се прифаќа.

🗓️ Краен рок: 10 октомври 2026 година, до 24:00 часот.

Гласањето на немоќни и болни лицa ќе се спроведе на 17 октомври 2026 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img