домаМакедонијаТоневски во посета на првороденото бебе во Пробиштип за 2026 година

Тоневски во посета на првороденото бебе во Пробиштип за 2026 година

- Advertisement -spot_img

Претставници на Општина Пробиштип денеска го посетија домот на првороденото дете во општината за 2026 година, при што беа доделени пригодни подароци од страна на Општината и од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Малата Исидора, родена на 1 јануари во 00:22 часот, е првото новороденче во Пробиштип во новата 2026 година и претставува голема радост за нејзините родители, Бојана и Даниел Филиповски.


Од Општина Пробиштип упатија искрени честитки до семејството Филиповски, со желби Исидора да расте здрава, среќна и безгрижна, исполнувајќи го домот со љубов, радост и семејна топлина.


Локалната самоуправа истакнува дека и во иднина ќе продолжи со поддршка на семејствата и најмладите жители, со цел создавање подобри услови за квалитетен, безбеден и достоинствен живот во локалната заедница.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img