домаМакедонијаБитола во градежна офанзива: 2026 година носи нови инфраструктурни и енергетски проекти...

Битола во градежна офанзива: 2026 година носи нови инфраструктурни и енергетски проекти за подобар живот на граѓаните

- Advertisement -spot_img

Голем дел од проектите започнати минатата година, Општина Битола успешно ги заврши, додека останатите продолжуваат согласно фазите и планираните активности. Локалната самоуправа останува посветена на барањата на граѓаните за подобра и побезбедна патна инфраструктура и повисок квалитет на јавните услуги.


Еден од значајните реализирани проекти е целосното завршување на „Доградба на коловоз на локален пат за село Буково“, проект кој беше долгогодишно барање на локалното население и корисниците на патот. Со извршеното асфалтирање е реализирана проектна ширина од 5,50 метри на коловозот, а вкупната инвестиција изнесуваше 19.690.365 денари.


Годината 2025 ќе остане забележана и по реализацијата на новата енергетска фасада на ОУ „Стив Наумов“ во Битола, во вредност од 6.298.291 денари. Со претходната реконструкција на покривот и поставувањето на фотонапонска електрична централа, училиштето се вбројува меѓу најенергетски ефикасните во градот. Овој проект ја потврдува заложбата на градоначалникот Тони Коњановски и локалната самоуправа за унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина во јавните објекти.


Општина Битола беше и рекордер по бројот на добиени проекти преку владините повици финансирани со средства од унгарскиот кредит – 16 проекти од првиот и дури 65 од вториот повик. Меѓу нив е и целосната реконструкција на водоводната линија Битола – Поешево – Логоварди, во должина од 6 километри. Со проектот, ЈКП „Водовод“ Битола ги замени старите азбестно-цементни цевки со современи полиетиленски HDPE цевки и нови приклучоци за домаќинствата, со што се решија долгогодишните проблеми и се подобри сигурноста и квалитетот на водоснабдувањето. Вкупната вредност на проектот изнесуваше 29.349.605 денари.


Според градоначалникот Коњановски, 2026 година е клучна и предизвикувачка за Општина Битола и нејзините граѓани. Покрај проектите финансирани со средства од централната власт, општината со сопствени буџетски средства влегува во нова градежна експанзија, со цел понатамошно подобрување на условите за живот и одржлив развој на градот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img