0.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ повика на итно расчистување со комунизмот и верскиот радикализам за...

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ повика на итно расчистување со комунизмот и верскиот радикализам за зачувување на државноста

- Advertisement -spot_img

„Македонски концепт“ денеска излезе со остро соопштение во кое предупредува дека губењето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува сериозна закана за безбедноста, стабилноста и иднината на Република Македонија.


Од партијата оценуваат дека ставањето на Македонија на иста листа со држави како Судан и Сомалија е „длабоко поразителен и алармантен сигнал“, кој, според нив, е резултат на долгогодишна институционална толеранција кон верскиот радикализам и прокомунистичките, антизападни наративи во јавниот простор.


„Овие појави се директно спротивни на вредностите на НАТО и на западната цивилизација“, наведуваат од „Македонски концепт“, повикувајќи на итни и недвосмислени државни мерки.
Меѓу предложените чекори се:
забрана на носење бурки и верски манифестации во сите јавни институции;
донесување посебен закон за спречување и санкционирање на верскиот радикализам;
законска забрана на комунистичката идеологија, нејзините симболи и тоталитарното наследство.


Паралелно со внатрешните реформи, од партијата бараат државата да упати формален приговор до САД и да се повика на Договорот за стратешко партнерство, со барање Македонија веднаш да биде отстранета од спорната листа.


„Македонија мора јасно да избере – или ќе биде вредносно усогласен сојузник на САД, или ќе продолжи да тоне во сива зона на радикализам и меѓународна недоверба. Среден пат нема“, се наведува во соопштението потпишано од ЦК на „Македонски концепт“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img