4.8 C
Skopje
26 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПревентивна кампања „Кажи НЕ на пиротехника“ реализирана во училиштата во Кичево

Превентивна кампања „Кажи НЕ на пиротехника“ реализирана во училиштата во Кичево

- Advertisement -spot_img

На 24 декември 2025 година, во сите основни и средни училишта во Кичево, како и во едно основно училиште во општина Центар Жупа, беше реализирана превентивната кампања „Кажи НЕ за пиротехничките средства“.

Пред околу 600 ученици, тим составен од полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, полициски станици Кичево и Дебар, како и доктори по општа медицина и пластична хирургија, одржаа едукативни предавања за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника. На учениците им беа презентирани можните опасности и последици од користење петарди и други пиротехнички средства, преку видео-презентации и интерактивна комуникација.

Посебен акцент беше ставен на фактот дека сите пиротехнички средства содржат експлозив и претставуваат сериозна опасност, со можност за предизвикување тешки и трајни телесни повреди, нарушување на здравјето и инвалидитет. Учениците беа запознаени и со законските санкции кои следуваат при недозволено поседување и употреба на пиротехнички средства.

Целта на кампањата е зголемување на безбедноста на младите за време на новогодишните празници и јакнење на нивната безбедносна култура, за Порта.мк изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img