7.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаОпштина Битола го презентираше Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во...

Општина Битола го презентираше Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во Нова Битола

- Advertisement -spot_img

Во салата на Советот на Општина Битола денеска се одржа јавна презентација на Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во Нова Битола.
На настанот, граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со предложените урбанистички решенија, како и активно да се вклучат во процесот преку изнесување идеи, предлози и забелешки поврзани со идниот развој на овој дел од градот.


Како што беше истакнато, планот претставува визија за создавање модерен, функционален и хуман урбан простор, со јасен фокус на подобрување на квалитетот на живеење. Предвидена е изградба на нов спортски комплекс, детска градинка, старски дом, плоштад, како и други јавни содржини од значење за локалната заедница.


Од Општина Битола информираат дека јавната анкета за предложениот Детален урбанистички план ќе трае до 16 јануари 2026 година, а сите заинтересирани граѓани дополнителни информации можат да најдат на официјалната интернет-страница на општината.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img