3.8 C
Skopje
22 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПроданоски: Наставата на мајчин турски јазик е столб на соживотот и културниот...

Проданоски: Наставата на мајчин турски јазик е столб на соживотот и културниот идентитет

- Advertisement -spot_img

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин турски јазик.

Тој упати посебни честитки до колективот и учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во село Канатларци, каде што успешно се реализира настава на турски јазик и со голема посветеност се негува јазикот како значаен дел од културниот идентитет.

Проданоски ја истакна важноста од негувањето на мајчиниот јазик и почитувањето на повеќекултурните вредности, нагласувајќи дека мајчиниот јазик е нераскинлив дел од идентитетот, традицијата и културното наследство на секој народ, а неговото почитување придонесува за меѓусебно разбирање, почит и пријателство во мултикултурно општество.

Општина Прилеп, како што беше нагласено, ќе продолжи посветено да ги негува повеќекултурните вредности и да го чува културниот идентитет на сите заедници, вклучително и на турската заедница, со цел создавање подобри услови за изучување и унапредување на наставата на мајчин турски јазик.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img