0.8 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаГастрономски спектакл на Пелистер – „Вкусот на Пелистер“ собра илјадници гости

Гастрономски спектакл на Пелистер – „Вкусот на Пелистер“ собра илјадници гости

- Advertisement -spot_img

Неколку илјади граѓани од Битола, Прилеп, Ресен и од другите ополни општини денеска присуствуваат на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“, која се одржува под мотото „Куќа имам на Пелистер“. Настанот е посветен на одбележување на успешно завршената година и свечениот почеток на Новата 2026 година, со богата понуда на храна, пијалоци и забавна програма.

Манифестацијата по втор пат ја организира ЈУ Национален парк Пелистер, со поддршка на Општина Битола, со цел на едно место да се обединат и промовираат туристичките потенцијали на поширокиот регион.

„Оваа година имаме околу 30 учесници, меѓу кои локални угостители, хотели, производители на храна и пијалоци, како и други правни лица кои нудат алтернативна туристичка понуда. Целта е да се зајакне локалната економија и да се промовира Пелистер како атрактивна туристичка дестинација во текот на целата година“, изјави директорот на Националниот парк, Иванчо Тошевски.

Посетителите имаат можност да уживаат во автентични локални вкусови, традиционални производи и празнична атмосфера, што уште еднаш го потврдува значењето на ваквите настани за развојот на туризмот и промоцијата на регионот.

Извор: Апла.мк

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img