2.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДимитриеска-Кочоска учествува на Истанбулскиот економски самит 2025 - фокус на глобална соработка...

Димитриеска-Кочоска учествува на Истанбулскиот економски самит 2025 – фокус на глобална соработка и нови финансиски текови

- Advertisement -spot_img

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска и утре ќе престојува во Истанбул, Турција, каде ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025, на кој се очекува присуство на високи претставници од влади, меѓународни организации, бизнис секторот и академската заедница.

На самитот, Димитриеска-Кочоска ќе има воведно обраќање на тема „Нова рамнотежа и глобална соработка“, со кое ќе ги потенцира актуелните предизвици со кои се соочува светската економија и значењето на градењето силни економски врски меѓу државите.

Во рамки на дведневната програма, на 12 декември министерката ќе се обрати и на панел-дискусијата „Нови текови на глобалните финансии: нова рамнотежа, дигитални валути и економски партнерства“. Темите на оваа сесија се однесуваат на иднината на финансиските системи, растечката улога на дигиталните валути и развојот на економски партнерства меѓу државите.

Самитот е насочен кон преговори и размени на идеи за економски политики кои ќе поттикнат одржлив раст, зајакнување на меѓународната соработка, развој на зелена економија, дигитална трансформација и улогата на образованието во привлекувањето странски инвестиции.

Учеството на Димитриеска-Кочоска на овој глобален форум ќе овозможи размена на искуства и согледување на најдобрите меѓународни практики, што може да придонесе за понатамошно зајакнување на македонските економски и финансиски политики.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img