Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави дека дополнетиот предлог-буџет за 2026 година претставува силен сигнал дека државата се движи кон стабилни и предвидливи економски политики. Според неа, буџетскиот документ не е само збир на ставки, туку стратегија што ја рефлектира намерата за фискална дисциплина, економски раст и создавање подобри услови за компаниите и граѓаните.
Таа нагласи дека изработката на буџетот се темели на внимателни анализи и реални параметри, а крајната цел е да се обезбеди континуитет во финансирањето на клучните проекти, да се засилиш инвестициите и да се поттикне довербата кај домашните и странските инвеститори.
Министерката потенцира дека фокусот е ставен на продуктивните расходи, поддршката на економските сектори и креирањето политички стабилна рамка што ќе овозможи подобри резултати во текот на следната година.
Дополнетиот предлог-буџет, како што додаде, е дизајниран така што обезбедува одржлива динамика на јавните финансии и јасен сигнал дека државата останува посветена на економски развој и стабилност.









