3.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКоњановски: Новиот центар за постари лица во Битола е одраз на грижа...

Коњановски: Новиот центар за постари лица во Битола е одраз на грижа и одговорност кон повозрасните

- Advertisement -spot_img

Во Битола вечерва беше пуштен во употреба реконструираниот Дневен центар за стари лица со активно стареење – услуга што се реализира преку грант од Светска банка во партнерство меѓу Општина Битола и Општинската организација на Црвениот крст.

Проектот има за цел да обезбеди поддршка за лицата од третата доба и да спречи нивна потреба од вонсемејна заштита. Преку организирани активности, стручна грижа и социјална поддршка, центарот ќе придонесе за подобрување и одржување на квалитетот на живот на старите лица.

На свеченото отворање присуствуваа генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити, претседателката на битолскиот Црвен крст Лилјана Ристевска, секретарот Кристијан Крстевски, градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

Градоначалникот Коњановски истакна дека Црвениот крст е „збир на човечност“ и додаде дека општината и годинава издвојува средства за обуки за лични асистенти, за нега во дом, поддршка за бездомни лица и за проектот „Итно копче“, кој треба да стартува до крајот на годината.

Општина Битола претходно склучи договор за грант со Министерството за социјална политика и Црвениот крст, преку кој се овозможи отворањето на овој дневен центар како дел од третериот повик за развој на социјални услуги поддржан од Светска банка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img