HomeМакедонијаБитола домаќин на годишната стручна средба „Архитектурата утре“ – фокус на современите...

Битола домаќин на годишната стручна средба „Архитектурата утре“ – фокус на современите урбани решенија

- Advertisement -spot_img

Четвртата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, во организација на Комората на овластени архитекти и инженери, се одржа во Офицерски дом во Битола. Годинешната тема „Архитектурата утре“ го стави во центар вниманието развојот на современите пристапи во планирањето и обликувањето на просторот.

Претседателот на Комората, Дејан Метикош, и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, се обратија пред присутните учесници. Коњановски ја истакна важноста на архитектонската професија и нејзиното влијание врз квалитетот на животот.

„Останете креативни во ‘Архитектурата утре’, затоа што Вашиот потенцијал му е потребен на целото општество. Зградите што ги создавате, улиците и плоштадите што ги планирате, парковите што ги осмислувате… се дел од нашето секојдневие. Колку е поквалитетен просторот околу луѓето, толку е подобар нивниот живот и нивното здравје“, порача Коњановски.

На средбата присуствуваа бројни домашни и меѓународни експерти, кои преку предавања понудија поглед кон иднината на архитектурата и урбанизмот. Во рамки на настанот ќе биде прикажан и документарниот филм „Начинот на Чипан“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img