HomeМакедонијаКомуналец Прилеп започна со уредување на зелените површини кај Градскиот саат

Комуналец Прилеп започна со уредување на зелените површини кај Градскиот саат

- Advertisement -spot_img

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со активности за хортикултурно преуредување на зеленилото и украсните растенија во околината на Градскиот саат, една од најфреквентните локации во централното градско подрачје.

Од претпријатието информираат дека, доколку временските услови дозволат, ќе се реализира и бојадисување на перголите, клупите и корпите за отпадоци, со цел просторот да добие посвеж и поуреден изглед.

По завршување на оваа парковска површина, „Комуналец“ најавува продолжување на активностите и на други локации низ Прилеп, со фокус на обновување на урбаното зеленило и подобрување на јавниот простор.

Со овие активности, претпријатието го продолжува континуитетот на одржување и унапредување на зелените оази во градот, во интерес на граѓаните и поквалитетна животна средина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img