Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава најави целосна обнова и модернизација на Градскиот парк, кој, како што рече, претставува „срцето на градот“ и едно од најомилените места на скопјани.
„Заедно ќе го направиме позелен, почист, поурбан и модерен“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека целта е паркот повторно да стане пријатно место за релаксација, дружење и создавање нови спомени.
Според него, Скопје мора да се развива во насока на зелена и уредена метропола, со повеќе јавни простори кои ќе нудат мир, инспирација и заедништво. „Скопје го правиме заедно — по скопски!“, заврши Ѓорѓиевски во објавата, најавувајќи дека ова е дел од визијата „Најдоброто допрва доаѓа“.








