Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден” – Тирана, му ја предаде почесната награда „Илинден“ за 2025 година на Лорант Винце, претседател на ФУЕН, во рамките на 69-от Конгрес на организацијата во Болоцано, Италија.
Наградата е доделена на ФУЕН како признание за ангажираноста и поддршката што ја дава организацијата за Македонското национално малцинство во Албанија, особено за нивната положба, права и зачувување на етничкиот идентитет.
Во своето обраќање, Ѓурѓај истакна дека му била „огромна чест“ лично да ја врачи наградата и дека постои силна надеж за продолжување и проширување на соработката меѓу друштвото Илинден и ФУЕН.
Во усвоената резолуција на Конгресот, кој го поднесе Македонското друштво Илинден-Тирана, се повикува државата Албанија да го трансформира Комитетот за малцинства во полно Министерство за национални малцинства и да ја ратификува Европската карта за регионални и малцински јазици.









