2.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПроданоски најави нов адреналински парк во Старо Лагово — нова дестинација за...

Проданоски најави нов адреналински парк во Старо Лагово — нова дестинација за спорт и рекреација

- Advertisement -spot_img

Прилеп наскоро ќе добие нов простор за возбуда, спорт и забава. Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави изградба на адреналински парк во Старо Лагово, кој ќе стане ново собиралиште за сите љубители на брзината и активниот живот.

Според најавата, адреналинскиот парк ќе содржи крос-патека, картинг-патека и скејт-парк, со што ќе понуди разновидни можности за спорт, рекреација и адреналински активности за сите возрасни групи.

„Со овој проект, Старо Лагово ќе стане новата дестинација за спорт, забава и активен живот,“ порача Проданоски, додавајќи дека ваквите инвестиции се дел од визијата за модерен и динамичен Прилеп, град кој ги поттикнува младите и создава содржини што го збогатуваат секојдневието на граѓаните.

Проектот се очекува да ја зголеми атрактивноста на прилепското подрачје и да придонесе за развој на спортскиот и рекреативниот туризам, како и за подобрување на квалитетот на живот во градот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img