4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонија(ВИДЕО) Проданоски најави современо уредување на улицата ‘Александар Македонски’ во Прилеп

(ВИДЕО) Проданоски најави современо уредување на улицата ‘Александар Македонски’ во Прилеп

- Advertisement -spot_img

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, го презентира својот проект за целосна реконструкција на улицата „Александар Македонски“, една од најважните сообраќајни артерии во градот.

Проданоски посочи дека улицата денес е тесна и небезбедна за возачите, пешаците и велосипедистите, што не одговара на потребите на еден модерен и развиен Прилеп. Проектот предвидува целосна промена и ќе биде од големо значење за бизнис секторот и развојот на стопанството на оваа страна од градот.

Реконструкцијата ќе се реализира во две фази: првата опфаќа делницата од крстосницата кај Чумовчани до ресторанот „Анита“ во должина од 1.200 метри, додека втората фаза ќе ги опфати 3.200 метри од „Анита“ до Ново Лагово. Предвидени се тротоари од двете страни, современи велосипедски патеки и кружен тек кај „Димо Наредникот“ за побезбеден и поефикасен проток на сообраќајот.

Дополнително, ќе се изврши целосна замена на водоводната и канализационата линија, ќе се постават нови рабници и сливници, а шахтите ќе добијат самонивелирачки капаци за поголема трајност и безбедност.

Проданоски истакна дека со реализацијата на овој проект секој учесник во сообраќајот ќе има свој простор – пешаците безбедни тротоари, велосипедистите современи патеки, а возачите широка и уредена улица.

„Оваа инвестиција ќе биде еден од симболите на новиот, модерен и европски Прилеп, со инфраструктура која му служи на секој граѓанин“, рече Проданоски.

Видеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img