домаМакедонијаРистовски најави изградба на ново Мултифункционално игралиште во Теарце

Ристовски најави изградба на ново Мултифункционално игралиште во Теарце

- Advertisement -spot_img

Во општина Теарце започна реконструкцијата на современо мултифункционално спортско игралиште, проект на Министерството за спорт кој има за цел да ја зајакне спортската инфраструктура низ целата држава.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска го означи почетокот на работите, истакнувајќи дека новиот спортски комплекс ќе содржи фудбалски терен, терен за кошарка и фитнес зона на отворено – простор достапен за сите генерации.

„Нашата цел е спортот да биде достапен за секого, и во малите и во големите општини. Верувам дека со изградба на вакви игралишта ќе придонесеме физичката активност да стане секојдневна навика и начин на живот“, рече Ристовски.

Во изминатите 15 месеци, Министерството за спорт изгради и обнови повеќе од 30 мултифункционални игралишта низ државата. Програмата продолжува и во следниот период со нови проекти, со јасна цел – спортот да биде достапен за сите граѓани, без разлика во кој град или општина живеат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img