5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМеџити со најава: Чаир наскоро со стабилен водоснабдителен систем

Меџити со најава: Чаир наскоро со стабилен водоснабдителен систем

- Advertisement -spot_img

Првиот-вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, денеска ги посети градежните активности на улицата „Бајрам Шабани“ во Гази Баба, каде што се реализира значаен проект за подобрување на водоснабдувањето.

Проектот, во вредност од над 6 милиони денари, предвидува изградба на нов водоводен цевковод со профил DN 280 mm и должина од 235 метри, кој ќе го замени дотраениот постоечки систем. Со оваа интервенција се елиминираат честите прекини во водоснабдувањето и недостигот на вода, а жителите ќе добијат стабилен и сигурен пристап до вода за пиење со подобрен притисок долж целата улица.

„Овој проект е доказ дека со соработка меѓу институциите и локалната самоуправа можеме да обезбедиме трајни решенија за проблемите на граѓаните. Пристапот до чиста и сигурна вода за пиење е едно од основните човекови права и наш приоритет,“ истакна Меџити.

Инвестицијата се реализира од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општина Чаир, со цел обезбедување континуиран пристап до квалитетна вода за сите жители на овој дел од градот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img