Вчера во 12:30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 11 – годишник од Куманово.
Тој се сомничи дека околу 10:45 часот одзел повеќе производи од продажен објект во Гостивар. Кај него биле пронајдени предметите и вратени на сопственикот.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.







