домаРегионГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Вработен во МВР си го одзеде животот пукајќи си...

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Вработен во МВР си го одзеде животот пукајќи си во главата!

- Advertisement -spot_img

Вработен во Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево починал во Универзитетскиот клинички центар во Сараево, откако за време на полициска операција се случил сериозен инцидент.

Според неофицијалните информации на локалните медиуми, инцидентот се случил откако припадници на Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) и полицијата на Кантонот Сараево извршиле претрес во неговиот дом и канцеларија.

Како што пренесува порталот Istraga.ba, акцијата била спроведена во соработка со Европол, а по налог на Судот на Босна и Херцеговина и Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Операцијата е дел од меѓународна истрага насочена кон лица осомничени за шверц на оружје, кои се поврзуваат со организирана криминална група предводена од Маџид Рава, познат како „Фокс“.

Според информациите, полициски службеници вчераутро извршиле претрес во канцеларијата на М.Б. во Полициската станица во Илијаш. Во исто време, претреси биле спроведени и на локации во Добој и Братунац, а во акцијата учествувале припадници на МВР на Кантонот Сараево и SIPA.

По претресот на неговата канцеларија, М.Б. побарал да оди во тоалетот. Кратко потоа, во полициската станица бил слушнат истрел. Полициските службеници го пронашле повреден во тоалетот, по што бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Сараево.

И покрај укажаната медицинска помош, според неофицијалните информации, тој им подлегнал на повредите.

Istraga.ba објавува и информации според кои М.Б. бил поврзан со криминалната организација на Маџид Рава, познат по прекарот „Фокс“, кој наводно раководи со организирана криминална група што главно дејствува во Шведска.

Маџид Рава е познат и под прекарот „Курдската лисица“ (The Kurdish Fox), а според објавените информации ја предводи групата „Фокстрот“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img