Вкупно 79 тестатори денеска се ангажирани да го следат и надгледуваат полагањето на државната матура во Штип. Од Општина Штип велат дека сите подготовки се навремено завршени и очекуваат процесот да помине без проблеми. Учениците треба навремено да пристигнат на местото на полагање и да ги почитуваат правилата за испитот. Државната матура и оваа година се полага во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“.
,,Како и минатата година и оваа година секако има подготвени тестатори. Учениците треба да се придржуваат до правилата за полагање на испитот и треба навремено да пристигнат на местото на полагањето, така што се надевам дека се ќе се одвива во најдбар ред, како и претходните години. Инаку да напоменеме дека ова е трета година по ред како се полага државната матура на УГД. Во оваа прилика би сакала да ја искористам множноста да им посакам среќа на сите ученици кои полагаат државна матура и успешно запишување понатаму во текот на нивнот образование.“, додава Санева
Полагањето на државната матура трета година по ред се одржува во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Според надлежните, досегашната пракса покажала дека таму има значително подобри услови и за учениците и за тестаторите.
,,Праксата покажа дека условите за полагање се многу подобри на УГД, бидејќи има повеќе простор и е можност за подобро следење на самите ученици кога полагаат. Значи едно е кога се полага во училници, а друго е во анфитеатри и поголеми простории, каде што навистина и тестаторите имаат подобри услови.“, кажа Санева
Со денешното полагање продолжува државната матура во Штип, која треба да заврши во наредниот период. Надлежните очекуваат процесот да помине регуларно и без потешкотии. За матурантите следува период на запишување на факултетите.








