Несреќа го засени продолжувањето на реконструкцијата на легендарниот стадион „Камп Ноу“, откако животот го загуби градежен работник.
Според шпанските медиуми, станува збор за 54-годишен работник кој бил тешко повреден во несреќа на градилиштето. И покрај напорите на медицинските екипи, тој им подлегнал на повредите.
Ова е првиот смртен случај од почетокот на проектот за реконструкција на стадионот на Барселона, кој започна во 2023 година.
И покрај трагичниот настан, градежните активности на „Камп Ноу“ продолжуваат според предвидената динамика. Според актуелниот план, целосно обновениот стадион треба да биде завршен до април 2027 година.






