24-годишник од Гази Баба бил пронајден починат во својот дом во Гази Баба изминатиот викенд.
– На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, починал М.Ц.(24) од Скопје, кој, според пријавеното, имал здравствени проблеми, известија од полицијата во вчерашниот билтен.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.






