домаМакедонијаЈавна расправа за измените на Законот за донации и спонзорства

Јавна расправа за измените на Законот за донации и спонзорства

- Advertisement -spot_img

140 граѓански организации бараат Министерството за правда да го продолжи и да го заврши процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. За ова денеска во Скопје ќе се одржи јавна расправа во рамки на проектот „Промени за одржливост“.

Во фокусот на расправата ќе бидат причините за застојот на процесот на законски измени, потребните решенија, како и влијанието на новиот систем за е-фактура врз донирањето.

На настанот се поканети надлежните министри, претставници на релевантните институции, граѓанските организации и деловниот сектор.

Од организаторите посочуваат дека од завршувањето на процесот на измени на Законот директно зависат иднината на донирањето и филантропијата, како и финансиската одржливост на граѓанскиот сектор.

Јавната расправа се организира во рамки на проектот „Промени за одржливост“, што го спроведува здружението „Конект“ во партнерство со Младинската асоцијација ИМКА Битола, со поддршка од Владата на Швајцарија преку „Цивика мобилитас“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img