домаМакедонијаЃорѓиевски: Скопје се буди - започнува времето на промените

Ѓорѓиевски: Скопје се буди – започнува времето на промените

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја заокружи кампањата за вториот изборен круг во општина Центар. Во својата изјава тој истакна дека кампањата била можност да се сретне со голем број граѓани од Скопје и да ги чуе нивните реални проблеми.

„Оваа кампања беше вистинска можност да се сретнам со граѓаните не само од Центар и Кисела Вода, туку од цело Скопје – да ги видиме проблемите со кои живееме со години, поврзани со нефункционалноста на јавните претпријатија и проекти кои предолго чекаат реализација. Понудивме нов концепт и стратегија со која ќе го менуваме Скопје во наредните четири години,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека е охрабрен од енергијата на граѓаните и верува дека во недела ќе следи масовна излезност.
„Скопје е конечно будно, скопјани се будни и спремни за промени,“ порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека од понеделник „ги засукуваат ракавите и започнуваат со темелни промени на главниот град.“

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img