Home » Тиква – кралица на есента

Тиква – кралица на есента

by Журнал.мк

Вкусна, мирислива, дел од нашата есенска и зимска кујна, таа ни помага не само да ја задржиме добрата тежина, но и нè прави здрави.

Семките од тиква се вкусни и се погодни за секој здрав и диетален режим на исхрана. Во една чаша од нив се содржат околу 1,7 грама влакна, а една чаша тиква обезбедува до 3 г од корисните влакна. Влакната се неопходни за одржување на добро варење. Благодарение на нив се намалува ризикот од појава на запек. Сите знаеме дека има храна и пијалаци, кои помагаат да имаме подобар сон.

Тиквата е богата со триптофан – аминокиселина која се претвора во серотонин. Серотонинот е невротрансмитер кој ни помага да се чувствуваме подобро, да сме спокојни и среќни. Семките од тиква се богат извор на цинк, кој е многу важен за организмот, вклучувајќи за зајакнување на имунитетот, за клеточниот раст и делба, за квалитетот на спиењето, расположението, за здравјето на очите и кожата, регулирање на инсулинот и машката сексуална функција.

Заситената портокалова боја, тиквата ја должи на големите количества бета-каротен, кој се претвора во витамин А во организмот. Витаминот А е од суштинско значење за здравјето на очите. Тиквата е богата со два многу важни за здравјето и убавината на кожата витамини, имено витамин А и Е. Кога ја консумирате, вие ѝ помагате на кожата одвнатре.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More