Home » Спанаќ – моќен зеленчук полн со витамини и минерали

Спанаќ – моќен зеленчук полн со витамини и минерали

by Журнал.мк

Овој моќен зелен зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот имунолошки систем.

Добар е за здравјето на кожата, полн е со антиоксиданти кои ја штитат кожата спречувајќи ги слободните радикали да се врзуваат за нашата кожа и да ни создадат проблеми.Исто така, богат е со витамини Ц и Е, а познато е дека витаминот Е делува како заштита на кожата од УВ зраците, така што консумацијата на спанаќ штити од сонцето.

Ги зајакнува мускулите. Нитратите се одговорни за зголемениот проток на крв и им помагаат на мускулите да работат, а со тоа го помагаат и развојот на мускулните влакна.

Го чува срцето со гликолипидите кои се наоѓаат во овие зелени зеленчуци му помагаат на телото да произведе азот оксид, а оваа молекула предизвикува крвните садови да се шират и со тоа да се намали напрегањето на срцето.

Спанаќот содржи и магнезиум, кој го регулира нивото на шеќер во крвта, што е многу важно за да се намали ризикот од дијабетес, така да го намалува ризикот од дијабетес.

Една чаша од овој зеленчук содржи и 3% од препорачаната дневна доза на влакна. Салатата од спанаќ е идеално јадење ако сакате витка линија затоа што растителните влакна овозможуваат чувство на ситост.

Лутеинот што се наоѓа во оваа храна, исто така, го спречува високиот холестерол бидејќи му помага да не се задржи и собира во артериите.

Го одржува здравјето на очите, така што ги штити очите од штетните УВ зраци, но и од дегенерација и катаракта на очите.

Покрај тоа што е добар за физичкото здравје, спанаќот има корисен ефект и врз менталното здравје. Како и другите лиснати и зелени зеленчуци и тој се смета за природен антидепресив и го подобрува расположението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More