HomeМакедонијаЈКП „Комуналец“ Прилеп ја подобрува хигиената во паркот на Могилата на непобедените...

ЈКП „Комуналец“ Прилеп ја подобрува хигиената во паркот на Могилата на непобедените – поставени нови корпи за отпадоци

- Advertisement -spot_img

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп изврши замена на старите корпи за отпадоци со нови во паркот кај Могилата на непобедените, еден од најпознатите културно-историски и рекреативни комплекси во градот.


Од претпријатието информираат дека оваа активност е дел од тековните напори за подобрување на хигиената и изгледот на јавните површини, особено во пресрет на пролетниот период кога паркот го посетуваат голем број граѓани, туристи и гости.


Могилата на непобедените претставува значаен симбол на Прилеп и омилено место за прошетки, спорт и рекреација, поради што од „Комуналец“ апелираат граѓаните да ги чуваат општите добра и да ги користат корпите за отпадоци.


Од претпријатието нагласуваат дека дури и мал отпад, како што е отпушок фрлен на земја, може да ја наруши убавината на овој важен простор.


„Чисто е убаво“, порачуваат од ЈКП „Комуналец“ и ги повикуваат граѓаните со заедничка грижа да придонесат за зачувување на уредниот изглед на паркот и околината.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img