Полицијата уапсеи 26-годишно момче во село Бродец, осомничено за кражба на дрва.
Според информациите на МВР, вчера во с. Бродец, скопско, полициски службеници од ПО Мирковци го лишија од слобода Ф.Ј. (26) од скопско, затоа што со патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, пренесувал огревни дрва без жиг и документација.
Во понатамошната постапка е утврдено и дека возилото е со истечена важност на сообраќајната дозвола, а Ф.Ј. немал возачка дозвола.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.








