Општина Карпош објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за членување во Совет за поддршка на женското претприемништво на Општина Карпош.
– Цел на Советот за поддршка на женското претприемништво на Општина Карпош е да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијалните жени претприемачи во Општина Карпош преку давање мислења и препораки за прашања од интерес на женското претпиемништво и родовата рамноправност, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените претприемачи и економско зајакнување на жените, посочија од Општина Карпош во објава на Фејсбук.
Рокот за пријавување трае до јуни 2026.
Линк до повикот: https://shorturl.at/Sfqwa








