HomeМакедонијаЈане Ченто ќе ја тужи Вилма Русковска

Јане Ченто ќе ја тужи Вилма Русковска

- Advertisement -spot_img

Еден од осудените за настаните од 27 април, Јане Ченто за утре најави информации за поднесување кривична пријава против поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска, а како што најави, ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27 април.

„Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката“, стои во најавата.

Ченто наведува дека ова претставува почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на сите околности поврзани со судскиот процес за 27 април.

„Во име на опфатените со судскиот процес изјава за медиумите ќе даде Јане Ченто“, се вели во најавата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img